Што имаат граѓаните од тоа што Ѓорѓиевски се каел за поддршката на Арсовска, прашуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
545 прегледи

Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје, а помеѓу нив и Орце Ѓорѓиевски се дел од проблемот во градот и ниту еден од нив не може да побегне од одговорноста за хаосот што го направија, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на првиот човек на општина Кисела Вода.

Од партијата на власт велат дека одговорноста е кај сите градоначалници на ДПМНЕ коишто не работат ништо.

-Кавгите помеѓу градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката Арсовска која со поддршка на ДПМНЕ е на позицијата, не ги интересираат скопјани. Што имаат граѓаните од тоа што Ѓорѓиевски се каел за поддршката на Арсовска?, порачаа од СДСМ и истакнува дека „Орце Ѓорѓиевски и Христијан Мицкоски за време на кампањата за локалните избори, заедно со сите градоначалници на ДПМНЕ во Скопје бараа поддршка од граѓаните и ветуваа модерно Скопје“.

-Наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со Орце Ѓорѓиевски го вратија Скопје назад за 60 години, стои во партиското соопштение.

Градоначалникот на Кисела Вода денеска на прес-конференција порача дека нема да ја плати изречената казна од Градот Скопје за исфрлувањето на отпадот на јавна површина пред депонијата „Дрисла“ и повтори дека се кае што ја дал поддршката за Арсовска.

-За едно обично барање со месеци чекаме. Тоа е класично изживување и лечење на фрустрации. Јас длабоко се каам што сум се довел во ситуација да гласам за Арсовска, длабоко се каам, рече Ѓорѓиевски.

Слични содржини