Новата година започна, а во овие први денови многумина размислуваат за малку полесна диета – откако ќе уживаат во изобилството на храна за време на празничната сезона.
Најдобро е денот да го започнете со појадок. Иако некои намирници на многумина им се омилени, тие не се баш најздрави.
Во продолжение прочитајте кои намирници е најдобро да ги избегнувате, а кои во никој случај не се добри за почеток на денот:
Преработени шеќери и рафинирани јаглехидрати
Примери се крофни, кроасани, засладени житарки, палачинки со додатоци. Овие намирници предизвикуваат скок и опаѓање на шеќерот во крвта, што подоцна може да доведе до замор и прејадување.
Масна и пржена храна
На пример, сланина или колбаси – тешко се варат и може да предизвикаат чувство на тромост.
Кофеин на празен стомак
Силното кафе без храна може да го иритира желудникот и да предизвика нагли промени во енергијата.
Спакувани производи со многу адитиви
Производи како енергетски барови, овошни јогурти или житарки кои многумина ги сакаат – често содржат скриен шеќер и малку хранливи материи. Спакуваните овошни сокови и смути често се прават со концентрирани овошни сокови или додаден шеќер. Истото важи и за инстант овесната каша во верзии со вкус (јаболко-цимет, чоколадо), кои често имаат додадени шеќери.