Што ќе претстави Samsung на 11 октомври?

од Vlatko K
72 прегледи

Samsung продолжува да ја следи стратегијата за презентирање на два паметни телефони од висока класа во текот на една календарска година. Традиционално, компанијата го прикажува новиот Galaxy S модел во првиот квартал и следната серија на Galaxy Note во август / септември. Оваа година не е исклучок, бидејќи Samsung веќе се подготвува за уште една премиера што ќе се одржи на 11 октомври, соопшти SamMobile.

Корејскиот производител веќе ги дистрибуира поканите за настанот, кој ќе се одржи под мотото „4x забава“. Ова може да биде показател за премиера на паметен телефон кој се фокусира на камерата и нуди опција за читирикратно зумирање. Samsung, исто така, ветува уредот „да понуди нови и разновидни начини да се изразите себеси“. Во овој момент немаме други податоци за овој модел.

Новиот уред ќе биде позициониран во средната класа и во голема мера ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот на паметни телефони до крајот на 2018 година. Ве потсетуваме дека Google и Huawei ќе одржат специјални настани во октомври, за да ги промовираат своите најнови мобилни телефони. Останува да бидеме трпеливи за да дознаеме повеќе за техничките спецификации на претстојниот паметен телефон на Samsung, кој ќе се фокусира на камерата.