Што ќе се случи со Меган и Хари на крај? Британците почнаа да се обложуваат

од Elena Daskalova
320 прегледи

Обложувалниците во Велика Британија веќе почнаа да примаат влогови за крајниот исход од „мегзит“, меѓу кои како опции се дадени и развод, но и враќање во кралското семејство.

Интересно е тоа што поголема е веројатноста Меган и Хари да се разведат до крајот на 2025 година, отколку да се вратат во кралското семејство.

Обложувалниците даваат коефициент 3/1 дека Хари и Меган ќе се разведат до 2025 година, а дека тие повторно ќе се вратат во кралското семејство коефициентот е 14/1.

На влог од 100 фунти за распад на нивниот брак добивката е 400 фунти, а истиот износ што се става на тоа дека тие повторно ќе се вратат во кралското семејство би донел заработка од 1.500 фунти, пишува Дејли мејл.

Но, има и други опции на кои Британците можат да се обложат и тоа:

Дека ќе постанат финансиски независни: 1/2
Дека ќе глумат во сопствено ријалити: 12/1
Дека Меган ќе се појави во специјална епизода од серијата „Suits“: 20/1
Дека семејството тајно ќе се врати во Обединетото Кралство: 6/4
Дека трајно ќе се преселат во Северна Америка: 8/1

Слични содржини