Што може да влијае на месечниот циклус?

од Vladimir Zorba
143 прегледи

За голем дел од жените ПМС и месечниот циклус се поврзани со раздразливост, оток и голема доза на болки. Може ли секојдневниот ритам да влијае на месечниот циклус? Излегува дека да. Еве што најчесто може да го наруши балансот во нашите тела. 0202e4e443c52e962d71089cb1b9126d

Ненаспаност

Осумчасовното спиење не е мит, напротив. Редовниот и квалитетен сон во рок од осум или повеќе часа е најдобар начин да се погрижиме за месечниот циклус. Недостатокот на сон може да доведе до  продолжување на процесот на крварење , да ги зголеми стомачните грчеви или да го направи предменструалниот синдром потежок.

Потрошувачка на кофеин
Потрошувачката на кафе и кофеински пијалоци не е забранет пред или за време на циклус, но во големи количини може да доведе до несоница, раздразливост и нервоза. За да не се влошат нерасположенијата за време на циклус, ограничете го кафето, црниот чај и кока колата.

063c8624f90bdd4fdff8bfc59f591ad2Често патувате
Дали сте забележале дека кога патувате речиси секогаш се случуваат промени во месечниот циклус? Хормонот кој е познат како мелатонин и е одговорен за нашиот сон, е под влијание на многу фактори. Едниот од нив е патувањето. Климатските промени, временските зони, силно влијаат на неговото одвојување, како и за регулирање на останатите хормони во телото.

Алкохол
Сите знаеме дека чаша вино со исхраната може да влијае добро на здравјето. Но, ако често претерувате со консумирањето на алкохол, тоа може да ги продолжи менструалните грчеви, па би било добро да ги избегнувате за време на ПМС и месечниот циклус.

0768bcda0f5c9fbc0fa9afd3bea8b340Тешки вежби
Лесната физичка активност може да помогне за намалување на непријатните болести или моментални болки пред и за време на циклус. Но, ако тренинзите ви се интензивни и потешки, можат да ги направат грчеви понепријатни, како и да влијаат врз балансот на хормоните во телото.
Затоа пробајте да одмарате повеќе или ако сепак ви се спортува, правете исклучително лесни физички вежби.

Стрес
Стресот е еден од најголемите удари на нашето време. Кога сме изложени на стрес и напнатост, нашето тело лачи кортизол , кој е хормон на стресот и кој лошо се одразува врз целиот организам, особено за време на месечниот циклус.
Ако неколку дена пред доаѓањето на месечниот циклус, сте биле под стрес, напнати, може да имате промени не само во интензитетот на крварењето, но и во неразположенијата кои го придружуваат.