Што му е на времето?

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

Секако дека не е до вас, ама погледнете на часовникот колку  е часот? Па да ви летна еден час за еден миг . Како и да е наместете ги точно стрелеките, почнува летното сметање  на времето . Се разбира поспијте си уште 2 часа еден за денес и еден за утре,а натаму ќе се навикнуваме.

времен

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час кон напред од ноќеска во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето . Па според новото сметање во два часот ќе се смета и ќе се помести  како три часот.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.smetanjeVreme

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.

Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.