Што му кажа Хоти на Нетанјаху од канцеларијата на Трамп? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
317 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го повикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од Белата куќа и го известува за одлуката на Косово да го признае Израел и да ја отвори својата амбасада во Ерусалим.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти тогаш седеше пред Трамп, исто како и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се согласи да ја премести српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим во договорот за економско нормализирање на односите со Косово, потпишан во Белата куќа.

Во разговорот помеѓу Нетенијаху и Хоти се наведува подготвеноста за заемно признавање и воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Израел, како и отворање на косовската амбасада во Ерусалим.

„Народи на Израел и Косово, ова е само почеток на голема соработка меѓу нашите земји. Ја ценам вашата подготвеност да одите напред во меѓусебното признавање и воспоставувањето дипломатски односи“, рече Хоти.

„Господине премиер, ова е навистина историска можност за нас, како и за народот на Косово. Едвај чекам на нашата средба и формално воспоставување на дипломатски односи меѓу нашите две земји. Тоа е голема одлука. Подготвени сме да го започнеме процесот на отворање амбасада во Ерусалим“, додаде тој.

Слични содржини