Што му кажал Бајден на Трамп за Украина?

од Nikola Popovski
412 прегледи

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден се сретна во Белата куќа со новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кому му кажа дека поддршката за Украина останува важен елемент на националната безбедност на САД, изјави советникот за национална безбедност на претседателот Џејк Саливан.

„Претседателот Бајден го повтори својот став дека континуираната поддршка за Украина е во национален безбедносен интерес на Соединетите Американски Држави“, рече Саливан на прес-конференција.

Според него, Бајден јасно ставил до знаење дека понатамошната поддршка на Украина е насочена кон спречување на поширок конфликт што може да влијае на САД.

Според Саливан, средбата меѓу Бајден и Трамп претставувала важен чекор во дискусијата за клучните надворешнополитички прашања.

Саливан додаде дека американскиот претседател Бајден, пред да ја напушти Белата куќа, ќе побара дополнителни средства од Конгресот за поддршка на Украина во 2025 година.

Тој истакна дека администрацијата во заминување гледа потреба и логика Вашингтон да одвои пари за Киев за 2025 година.

Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД одржани на 5 ноември. Трамп претходно неколку пати изјави дека ќе успее да постигне пријателско решение за украинскиот конфликт.

Тој вети и дека ќе го реши конфликтот во Украина во рок од еден ден.

Русија смета дека ова е премногу сложен проблем за толку едноставно решение. Покрај тоа, Трамп постојано го критикуваше американскиот пристап кон конфликтот во Украина, а го критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Слични содржини