Што направи Меган за јавноста да верува дека е пак бремена?

од Elena Daskalova
145 прегледи

Изминативе неколку дена, во повеќе британски таблоиди се појави шпекулација дека војвотката од Сасекс е повторно бремена, иако Бакингемската палата уште нема излезено со официјална потврда.

Што ги натера луѓето да веруваат во тоа?

Одамна е познато дека кралскиот пар сака да има вкупно две деца. Неодамна тие се појавија на една свеченост на која Меган носи црн фустан со речиси труднички крој, а и често ја ставала раката на стомакот, што во говорот на телото често е знак дека
жената ја истакнува својата бременост.

На едно патување, на кое Хари бил без Меган (што уште повеќе ги загреа претпоставките), тој многу се распрашувал за грижата за две деца, при неговата посета на социјално загрозени и еднородителски семејства, кои имаат повеќе од едно дете.

Па, се очекува потврда (или демант) за овие наводи.

Слични содржини