Заедно со сончевиот знак, положбата на Месечината е еден од најважните фактори во вашиот хороскоп. Таа е поврзана со вашите чувства, потсвест и интуиција.
Таа го определува односот кон домот и семејството, кон минатото и детство. Вашата Луна ви ги открива емоционалните потреби и емоционалниот одговор.
Тоа е знакот, во кој се наоѓа Месечината во моментов на вашето раѓање. Ако не го знаете вашиот лунарен знак можете да го проверите во специјалните табели на интернет.
Еве краток опис на она што открива за личноста вашиот лунарен подзнак:
Луна во Овен
Вие сте емоционален и директен човек.Често реагирате импулсивно. Преферирате да покажете љубов преку дејства, а не преку зборови. Предизвиците не ве плашат, туку ве држат жив. Во непредвидливи ситуации, родените со Луна во Овен ќе ги пројавуваат сите типични за овој знак карактеристики како бестрашност, упорност, брзина на одлуките. Луната во Овен ве остава гладен за емоционална поддршка.
Луна во Бик
Можете да изобилувате само во ситуации во кои се чувствувате стабилни. Вие имате трпение да ги изградите работите во животот бавно. Потпирајќи се на своите сетила и трпение. Вие сте прагматичен човек и лесно се справувате со болката. Токму за тоа може да изгледате како дебелокожец и / или бесчувствителен во очите на луѓето.
Луна во Близнаци
Вам ви е најблиска шарената размена на идеи, приказни, шеги, интересни новитети. Лесно се согласувате со другите. За вас е типично да барате логично објаснување на најчудните постапки на своите најблиски. Вие сте премногу зборлест, но пак ретко го откривате она што навистина мислите и чувствувате.
Луна во Рак
На вас ќе ви е лесно да ги споделите вашите чувства на интимно ниво. Вие сте чувствителни и имате имагинација. За вас ќе биде тешко да го вметнете вашиот љубовен живот во шините.Секогаш ќе жалите за минатото и ќе скитате низ своите спомени. Кога се чувствувате доволно сигурен во работата или во врската, вие се однесувате убаво со другите. Несигурноста ви прави зло и грубост.
Луна во Лав
Вие имате силна потреба од одобрение од другите, затоа ќе настојувате да зачувате пристојност секогаш и во секоја ситуација. Вие сте родени со лидерски квалитети и силна волја, а освен тоа сте дарежлив човек, опкружен со многу верни пријатели. Имате живост со подетински темперамент и често ги поддржувате луѓето со соништа повеќе од своите.
Луна во Девица
Вие сте човек кој сака навика, рутина и анализирање на секој детал во животот. Вие настојувате кон усовршување цел живот. Покрај тоа имате брз ум, а во исто време не сте голем традиционалист – склони сте да следите различни извори и методи. Понекогаш сте премногу пребирливи и станувате со тоа одбивни за своите блиски.
Луна во Вага
Вие сте љубител на сите убави и хармонични работи. Држите до тоа да креирате баланс околу себе и најмногу во односите со луѓето. Лошото е што понекогаш премногу настојувате да останете во добри односи со оние кои тоа не го заслужуваат. Дипломатијата е вашиот начин на комуникација.
Луна во Скорпија
Вие сте силно емоционална личност која може да страда од потреси во личните односи. Вие имате вродено шесто сетило, повеќе од обичната интуиција. Месечината во Скорпија ви дава цврста увереност за работите, но тоа е и ваше слабо место, бидејќи не можете да видите други перспективи, многу добро.
Луна во Стрелец
Вие сте вистински авантурист по душа и сакате да учите во текот на целиот свој живот.Вашата храна се најинспиративните идеи, љубопитните луѓе, новите искуства. Љубите коцкање како начин на живот и понекогаш сте премногу лекомислени на интимен план. Ако имате успех во животот со наоѓање на сродна душа, ќе се чувствувате благословени!
Луна во Јарец
Вие имате вродена потреба да постигнете успех во службата, а и меѓу општеството. Вие може да споделите многу длабоки и лични работи, дури изненадувачки за другите. Вие треба да бидете дел од некоја голема идеја, бидејќи сакате ангажман. Флексибилноста не ви е меѓу најсилните страни и понекогаш е тешко да ве следат поради постојаното менување на светот.
Луна во Водолија
Вие сте интелигентен индивидуалист со широка, апстрактна визија за нештата. За вас нема невозможни работи, а во исто време сте тимски играч, опкружен со истомисленици. Екипата секогаш може да смета на вас, но лошото е дека вие понекогаш се чувствувате осамени, и покрај многуте луѓе.
Луна во Риби
Вие сте ранливи на сите енергии во вашата околина. Вие имате имагинација и се храните преку креативноста и побарувачката на мистиката. Месечината во Риби може да ве натера да се жртвувате за другите. Во исто време понекогаш ќе имате желба да избегате од сè и сите – да се гледате во хоризонтот, далеку од проблемите во реалниот живот.