Што понатаму – прашуваат членовите на Вагнер кои му порачаа на Пригожин дека не е маж

од Stefanija Kuzmanovska

Прогонството на Евгениј Пригожин од Русија покренува многу прашања. Сè уште е рано да се извлечат заклучоци за политичките последици од неговиот бунт против руското воено раководство, но во моментов поважно е како тоа ќе се одрази на единиците „Вагнер“ на фронтот. Дали ќе продолжат да се борат со истиот ентузијазам како и досега, ќе имаат ли доверба единиците на редовната руска армија. И секако, како руската висока команда ќе се однесува со единиците „Вагнер“.

Вчера на социјалните мрежи се појави видео од припадници на таканаречената „Јуришна зе единица“, кои упатија низа навреди до Пригожин.

„Се шушка дека си заминал, дека ги излажа сите. Целиот ‘јуришен одред зе’ беше подготвен да застане зад тебе. Но ти си замина. Службениците сега ни вршат притисок, не требаше да биде вака. Кога луѓето си заминуваат, тие си заминуваат заедно – но испадна дека ти не си маж “, вели еден борец, кој потоа изговара низа навреди и заклучува дека ако тоа не е вистина, Пригожин нека покаже дека е маж.

Друг член на „Вагнер“ го прашува Пригожин што да прават понатаму.

Инаку, „јуришните зе единици“ во своите редови прифаќаа претежно осуденици. Според достапните податоци, платата на припадниците на тие единици била околу две илјади долари, а по службата можеле да очекуваат намалување на казната или помилување.

Слични содржини