Што ѝ порачал Вучиќ на Меркел на германски јазик по слетувањето? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пречекал германската канцеларка Ангела Меркел на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, и во таа прилика, ѝ се обратил на германски јазик.

Вучиќ, кој е домаќин на Меркел за време на дводневната посета, на својата гостинка ѝ посакал топло добредојде.

– Herzlich Wilkommen – рекол Вучиќ кога Меркел се симнала од авионот, а потоа и подарил букет цвеќиња.

По краткиот поздрав со српската делегација, Меркел се качила во автомобил и се упатила кон градот.

– Bis bald – рекол Вучиќ откако ја придружувал Меркел до вратата на автомобилот, што во превод значи „Се гледаме наскоро“.

Слични содржини