Што претставува „листа Навални“?

од Nikola Popovski
110 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес го оценил како апсурден предлогот на САД за составување на т.н. „листа Навални“ врз основа на која би се вовеле санкции за Русија.

Тој посочил дека поврзувањето на случајот со труењето на Алексеј Навални со рускиот државен врв е „неприфатливо“.

„Постојат бројни апсурдни иницијативи од сите страни“, го прокоментира Песков предлогот на колумнистот од Њујорк Тајмс, Брет Стифинс и повика на разумно и трезвено размислување.

„Обидите да се поврзе Русија и рускиот државен врв со она што му се случи на Навални се целосно неприфатливи и суштински апсурдни“, рекол Песков.

Во меѓувреме, Тас го цитираше Песков дека „безбедносните служби, а не Кремљ“ ќе го проценат значењето и автентичноста на прислушуваниот и снимениот телефонски разговор помеѓу двајца соговорници од Варшава и Берлин, на кој се разговарало за фалсификување на доказите за труењето на Навални.

„Тоа е во надлежност на безбедносните служби, бидејќи ова е посебен материјал што може и мора да биде во исклучителна надлежност на службите за државна безбедност“, заклучил Песков.

Слични содржини