Што се договорија пратениците со Трајко- монолог или дијалог ?Продолжува конститувната седница !

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Ново продолжени на режираната серија со наслов  конститувната седница  на македонскиот парламент! Главните актери Илија Димовски, Антонио Милошовски и  спотерот  Трајко се уште работат на заплетот,  а нивните епизодни ликови  се појавуваат во серијата , се запознаваат и ги поддржуваат,… така некако филмските критичари би го опишале текот на оваа парламентарна седница. Секако во старт нема ништо гледливо во неа,малограѓански и ефтини партиски трикови,нема ништо  ниту од дебата ниту од Парламент, најмалку од негово конституирање.

Токму затоа вчера на барање на пратеник од парламентарното мнозинство  е прекината за да седнат и се договорат како понатаму со злоупотребите на претседавачот Трајко Вељановски и како монолозите скриени зад „процедурално“ и„ контрареплика“ да запрат и да се тргнее блокадата на конституирањето на новото Собрание на РМ.

Парламентот денеска  во 11 -ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, тоа е точката на дневен ред , а се дебатора за сосем десето.

Седницата, како што се договорија вчера претставниците на парламентарните партии на работна средба, ќе продолжи во 11 часот со вистинска дебата за Комисијата за изборите и именувањата.Пријавени беа 51 пратеник за дискусија. Досега го искористиле правото на збор двајца пратенициа, а целото време се троши  со реплики и контрареплики. ВАка на овој начин ВМРО ДПМНЕ кои се режисери на приказнавава може да се тера со месеци и ништо да не се смени и да се блокира формирање на институциите.

Инаку договорено е -во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и Беса по еден член.

Од ВМРО-ДПМНЕ за членови се предложени Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата е предуслов за избор на претседател на ПАРЛАМЕНТОТ КАОК  продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

Сега е обезбедено парламнетарното мнозинство од 67 пратеника, познат е и каннидатот кој со 20 пратеника е предложен, Талад Џафери од ДУИ, но ВМРО ДПМНЕ ја блокира целата ситуација и не дозволува формирање на новите институции, како парламентот така и новата влада преку своите истурени играчи Трајко Вељановаки и Ѓорге Иванов.

Тие сакаат или да се оди повтороно на нови избори, или да се предизвика  вонредна ситуација која исто така би водела кон нови избори и да се поништи овој резултат кој не им одоговара и ги става во опозиција.