Jужнокорејскi службеник му рекол на Ким јонг Ун да ги остави цигарите, а тогаш се случило нешто неочекувано.

Имено, јужнокорејскиот дипломат ризикувал бесна реакција од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кога му рекол да престане да пуши, во текот на посетата на Пјонгјанг минатиот месец.
Ким е познат е по жестокото претерување со цигарите. Поранешниот шеф на разузнавачката служба на Северна Кореја се „смрзнал“ кога го слушнал јужнокорејскиот службеник Чанг Еу Џонг како му вели на севернокорејскиот лидер да размисли за оставање на цигарите.
A South Korean envoy risked the wrath of Kim Jong Un by telling him to kick his smoking habit during landmark talks https://t.co/1FNDLkRXiC
— Sky News (@SkyNews) April 9, 2018
Според сведочењата на повеќе извори од владите на Северна и Јужна Кореја, шефот на Советот за национална безбедност на Јужна Кореја му рекол на Ким: “А да престанеш да пушиш? Тоа е лошо за твоето здравје”.
Ким Јонг Чол, поранешен главен севернокорејски разузнавач, трпеливо го чекал одговорот на Ким, со оглед на тоа дека младиот лидер е познат по краткиот фитиљ.
Меѓутоа, сопругата на Ким, Ри Сол Ју, се насмеала и истакнала дека таа константно му го кажува тоа на својот сопруг, но дека тој не ја слуша.
Некои медиуми истакнуваат дека 71-годишниот севернокорејскиот службеник бил слободен да му го постави тоа прашање на Ким поради тоа што во Кореја годиштето и натаму се смета за некој вид на титула – колку е лицето постаро, толку повеќе е почитувано.
Истите медиуми наведуваат дека реакцијата на сопругата на Ким помогнала да се избегне потенцијална непријатна ситуација за време на првата посета на делегација од Јужна Кореја на северните соседи од 2007 година.