Што се случува со Лионел Меси?

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси пропушти уште еден натпревар за својот Интер Мајами. Напаѓачот заработи повреда за време на финалето на Копа Америка и оттогаш не настапил на официјален натпревар.

Во последните денови се дозна дека Меси веќе тренирал со својот клубски тим, но сепак не бил вклучен во синоќешната пресметка на Интер против Чикаго Фајр.

По натпреварот тренерот на тимот на Мајами, Тата Мартино откри во каква состојба е големата ѕвезда на тимот.

„Лео добро се справува со опоравувањето. Тој веќе е вклучен на некои од тренинзите на тимот. Чувствувавме дека времето што ќе може да игра на овој натпревар, подобро да го осмислиме за следните петнаесет дена. На крајот, разговаравме и одлучивме дека втората опција е подобра. Наша цел е да го имаме на располагање за натпреварот против Филаделфија на 14 септември“, изјави Тата Мартино.

Слични содржини