Австрија ќе се повлече од Централно европската иницијатива, чиј основач беше некогаш.

Таа иницијатива во моментот брои 18 земји, а основана е 1989 година, со цел да се поттикне економската и културната соработка на централноевропските земји, како и приближување на регионот. Австрија во ЦЕИ заземаше водечка улога, а местото генерален секретар ротираше меѓу Австрија и Италија.
Последен генерален секретар од АВстрија беше Маргот Клестил-Лефлер, сопругата на поранешниот шеф на австриската држава, а која по кавга се повлече од организацијата, па сега во Министерствотот за надворешни работи го води секторот Русија.
Според Министерствотот за надворешни работи, понатамошното учество на Австрија во ЦЕИ нема цел, затоа што тој систем не одговара на современите текови, имено, сметаат дека интергацијата на југоситочна Европа во ЕУ подобро е да се поддржува директно.
Поранешниот австриски вицеканцелар Ерхард Бусек, кој беше соосновач на ЦЕИ, изрази жалење заради одлуката на Виена. „Штета што ќе имаме еден контакт помалку посебно во регионот каде ни се потребни контакти“, вели тој.
Според него, Австрија сама и препушта влијание на „нелибералната Унгарија“ која се повеќе економски и дипломатски се ангажира во регионот.
Според тоа, вели дека и лесно се истапува од организација во која членка е и Белорусија.