На амнестија нема да подлежат осудените за убиства, изборен криминал и тие со доживотен затвор.
Министерството за правда го објави Предлог законот за амнестија, што беше усвоен на последната владина седница .
Предложениот текст на закон не предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик, на сторители на кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик.
На амнестија нема да подлежат ниту кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194 од Кривичниот законик, за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик, за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403-418-а, 418-в до 422 од од Кривичниот законик на Република Македонија.
Предлог Законот за амнестија ви го пренесуваме на следниов линк.
