За да може телото да се одмори и да ги наполни батериите следниот ден, му требаат во просек 7-8 часа непречен сон. Меѓутоа, понекогаш поради премногу обврски, но и стотина мисли во нашата глава, се чини дека е невозможно да заспиеме.
Она што го пиете пред спиење може да има големо влијание врз тоа дали ќе можете да заспиете.
Конзумирање на некои пијалоци се препорачува непосредно пред спиење, бидејќи тие благотворно делуваат на сонот.
Вода
Првиот и најпристапниот пијалок е дефинитивно водата. Многу луѓе чуваат шише со вода покрај креветот, а тоа не е без причина. Водата нема шеќер, ја гаси жедта и не содржи калории. Препорачливо е да ја консумирате повеќе во текот на денот, за да не се будите одејќи во тоалет навечер.
Билен чај
Билен чај пред спиење ќе има смирувачки ефект врз телото. Посебно се препорачува свеж чај од босилек, кој го намалува нивото на стрес хормоните (кортизол). Има и чаеви направени од камилица, валеријана, нане, кои се погодни за мирен сон, смирување и ослободување од стрес.
Млеко
Топлото млеко пред спиење е исклучително ефикасно. Иако ова не е омилениот пијалок на многумина, за да го намалите вкусот на лактозата, можете да го комбинирате со една лажичка мед, каранфилче, цимет или куркума, која има антиинфламаторно дејство.
Сок од вишна
Незасладениот сок од вишна им помага на луѓето кои страдаат од несоница. Студијата спроведена на испитаници постари од 50 години покажала дека оние кои пиеле сок од вишна два пати на ден успеале да спијат дури 84 минути подолго од оние кои не пиеле. Вишните се богати со состојки поврзани со здрав сон.