Сигурно сте слушнале многу совети за тоа што и како треба да јадете кога вежбате, но најважно е се да биде умерено. Меѓутоа, постои одредена храна која е добра пред и по тренингот.
Пред тренинг
Обидете се да ја држите златната средина, што значи немојте да се прејадувате, но немојте да вежбате на празен желудник.
Мора да имате на ум дека секој оброк кој го консумиране пред тренингот, телото ќе го согори додека вежбате. Затоа, по пожност, тоа би требало да бидат намирници богати со протеини, односно намирници кои содржат многу влакна.
Животинските протеини ќе ви помогнат во изградба на мускулите, а овошјето и производите богати со влакна ќе им помогнат на цревата и ќе поткренат процес на природно чистење во телото.
Два или три часа пред тренингот треба да јадете:
– јаболко и сирење.
– протеински бар
– млеко и овошје
– зелена саката со пилешко или туна
– пченичен или интегрален леб
– јогурт и овошје
– јаткасти плодови
– природен сок
За време на тренингот
Водата е задолжителен дел од тренингот бидејќи му помага на телото да ги задржи хранливите материи и да создаде глукоза, природно гориво кое го движи телото. Познатиот Двејн Џонсон, со оглед на големите тренинзи, пие еверојатни 15 литри вода во денот.
По тренингот
Времето по тренингот е многу важно бидејќи телото почнува да се менува под влијание на физичкиот напор.
Брзината на метаболизмот расте и мускулите се трансформираат.
Овие производи ќе ви помогнат да се опоравите по вежбањето:
– зеленчук (свежо или зготвено на пареа)
– било кое месо или риба со ниска масленост
– мешана зелена салата.
Не мора да се придржувате на строга исхрана поради вежбањето. Само практикувајте здрав начин на живот.