Што вели Полска за прислушуваниот телефонски разговор за Навални?

од Nikola Popovski
189 прегледи

Полското Министерство за надворешни работи ги демантира информациите за телефонскиот разговор меѓу претставниците на Варшава и Берлин во врска со ситуацијата на рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални.

„Ние ги негираме белоруските информации дека се случил телефонски разговор помеѓу Варшава и Берлин, во кој властите на двете земји требало да признаат дека немало труење на Алексеј Навални“, се вели во соопштението на полското Министерство.

Германската влада, повикувајќи се на лабораторијата на Бундесверот, минатата недела објави дека Навалние „отруен“ со супстанца од групата хемиски воени отрови „Новичок“.

За време на посетата на руска делегација предводена од премиерот Михаил Мишустин на Минск, белорускиот претседател Александар Лукашенко изјавил дека разговорот помеѓу Варшава и Берлин бил пресретнат и дека изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е фалсификат.

Државната телевизија на Белорусија објави наводна снимка од прислушуваниот разговор меѓу Берлин и Варшава, во кој, меѓу другото, германскиот претставник рекол дека во случај на труење на Навални, доказите не се толку важни затоа што „сите средства се дозволени во војна“.

Во прилогот на телевизијата се наведува дека Белорусија ги предала снимките на Руската федерална служба за безбедност.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјавил дека руските федерални служби најверојатно ќе го известат претседателот на Русија за своите заклучоци во врска со снимката.

Слични содржини