Емил Сламков вели дека сакал да биде археолог уште од времето кога бил средношколец и ги направил првите откритија – гробови што датираат од железното доба и монети од пред 3000 години.

„За мене тоа е шанса да се открие што крие земјата,“ вели тој. „А потоа да се најде начин да се оживее и да се даде значење на тоа што било претходно.“
Сепак, на Балканот давањето значење на минатото може да претставува проблематична работа.
Во последните години вештините на г-нот Сламков, 52, се многу барани бидејќи владата вложи многу пари во истражувањето на антички локалитети со една единствена цел: да се најдат врски со античка Македонија за да се даде легитимитет на барањата околу името.
Ова не е научно прашање. Оваа земја од два милиони жители се бори веќе повеќе од две децении со својот јужен сосед Грција околу правото да го има терминот Македонија во своето име.
Сега прашањето повторно се актуелизира бидејќи македонската влада вложува големи напори да се приклучи кон НАТО и Европската унија, надевајќи се дека ќе ја намали сиромаштијата и изолацијата во оваа балканска земја.
Грција ја блокира Македонија во напорите да влезе во овие институции, тврдејќи дека името повлекува барања за грчкиот северен регион Македонија.
Решението можеби е поблиску од било кога, бидејќи грчкиот министер за надворешни работи треба да го посети Скопје, главниот град на Македонија, во текот на оваа недела за да се продолжат разговорите.
Минатата недела американскиот помошник секретар за европски и евроазиски прашања им кажа на новинарите во Скопје дека условите за компромис се „подобри од било кога.“
Сепак ова е деликатен момент. Самото споменување на можен компромис предизвика протести на илјадници луѓе во Грција во последните неколку месеци. Прашањето има потенцијал да ги сруши кревките владини коалиции во двете земји доколку не се раководи правилно.
Тие што сакаат решение се плашат дека надворешни фактори кои не сакаат проширување на НАТО, односно Русија, го потхрануваат противењето за компромис.
Русија неодамна ја предупреди Македонија дека нејзиниот влез во НАТО „може да има негативни последици за регионалната безбедност и билатералните односи.“
Дури и без надворешни влијанија, прашањето за имено се користи долго време за предизвикување на гнев и во Грција и во Македонија, бидејќи се однесува на прашања поврзани со идентитет, историја и култура.
За Европската унија, која беше формирана делумно за надминување на политиката на племенски идентитет и разуздан национализмот, решението може да претставува малку добра вест, бидејќи се соочува со други тешки предизвици во регионот.
Но, ако нема решение таа може да справува со уште еден извор на тензии на Балканот.
За да ја смират Грција, Македонците го сменија Уставот, го сменија нивното знаме – го тргнаа сонцето на Вергина за кое Грција тврди дека е нејзино – и еднаш го сменија името, кое е сегашното има заведено под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија во Обединетите нации.
Дури и г-дин Сламков, неверојатно горд на неговото наследство, е подготвен на изнаоѓање понатамошен компромис. Но, до одреден степен.
Нему не му е важно какво име политичарите ќе договорат за употреба надвор од земјата – се додека го содржи зборот Македонија.
Стоејќи пред урнатините на еден од најважните археолошки наоѓалишта во земјата, на неколку милји од границата со Грција, каде што неговиот тим пронајде монети со ликот на Александар Велики, тој рече дека некои работи се какви што се исто како и артефактите во земјата.
“Никој” тој рече, “не може да ти каже како да се нарекуваш во сопствениот дом.’
Коренот на спорот со името е заплеткан, исто како и исто како и ткаениот сребрен накит по кој овој регион е познат.
Според некои тој потекнува уште од 4 век пред нашата ера, кога Филип II и неговиот син Александар Велики го освоиле поголемиот дел од познатиот свет, создавајќи царство кое се протегало од Медитеранот до Индија.
Двете влади тврдат дека ова е нивна историја. За Грците, очигледно е дека Филип и Александар се родени и се наоѓаат во она што сега е Грција.
За Македонците, подеднакво е очигледно: Античкото македонско царство опфатило голем дел од земјата. Тоа е името со кое што секогаш се нарекуваат.
Милан Бошкоски, професор на Институтот за национална историја во Скопје, рече дека е за да се разбере спорот, најдобро е да се започне за време од периодот кога Османлиите владеење со оваа територија – пред околу 500 години се до почетокот на 20-от век.
Истражувајќи книга за историјата на името Македонија, тој рече дека пронашол документ од 1902 година, кој забранува употребата на терминот македонски. Во тоа време, османлиските владетели се справувале со националистите, и биле загрижени дека името ќе им даде на бунтовниците чувство на идентитет.
“Тоа е приказна што се повторува”, рече тој. “Но, дури и ако атомска бомба го уништи ова место, ние се уште ќе се нарекуваме Македонци.”
Првата балканска војна завршила во 1913 година со поделба на Македонија од страна на трите завојувани страни – Грција, Србија и Бугарија.
Српската енклава потоа се припои кон поранешна Југославија. Но, и тогаш, вели професорот, се направила отстапка за Грците со тоа што во учебниците немало лекции за кралството на древна Македонија.
Спорот дополнително се продлабочил за време на Грчката граѓанска војна. Тогаш, Македонците, чиј мајчин јазик бил еден од словенските јазици, им дале поддршка на комунистите во Грција. Во 1948, откако биле поразени, големо население било избркано од северна Грција.
Во Грција постои загриженост дека ако и се дозволи на земјата да се вика Македонија, тогаш семејствата на тие што биле раселени би можеле да бараат реституција.
По распадот на Југославија, Македонија прогласи независност во 1991, по што Грците експресно се спротиставија на меѓународно признавање на новата земја.
Во 1995, компромис беше постигнат откако земјата зе согласи привремено да се вика Поранешна Југословенска Република Македонија. Исто така, уставот беше изменет за да се нагласи дека земјата нема територијални претензии.
И сепак, Грците не се задоволни со измените.
Политичарите во Грција се уште, скоро без исклучок, ја викаат земјата ПЈРМ, според кратенката, или пак Скопје, главниот град на земјата.
Последниве месеци, по доаѓањето на власт на нова влада во Македонија предводена од партија од левиот центар, дојде до подобрување на односите меѓу двете земји. За првпат во последните десет години, постои внимателен оптимизам.
„Сметам дека ќе можеме да ги завршиме преговорите успешно до почетокот на самитот на НАТО во јули,“ македонскиот премиер Зоран Заев изјави во едно интервју за австриско радио.
Но, возобновените разговори за постигнување на решение предизвикаа протести во Грција, бидејќи Грците имаат своја верзија за историјата на името.
Дипломати од Западот исто така тврдат дека таквиот став е предизвикан од агресивна кампања на дезинформации од Русија, која сака да спречи проширување на НАТО. Сметаат дека Кремљ работи на тоа да го спречи постигнувањето на договор.
На пример, грчкиот премиер Алексис Ципрас за едно скорешно интервју изјави дека во антиката не постоела нација која била позната како Македонија.
Тие зборови многу брзо беа извртени на интернет, меѓу кои и вебсајт со поврзаност со Русија, според еден западен дипломат, за да се создаде впечаток дека тој изјавил дека никогаш не постоела земја која се викала Македонија. Таков коментар би бил неточен, но и би предизвикал остри несогласувања.
„Навистина е тешко да се биде рационален во врска со прашањево,“ македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров изјави во интервју во неговата канцеларија во Скопје. „Со ова треба да се борам на дневна база, дури и со самиот себеси.“
Но, според него, ова е многу поголемо од моменталната политика.
„Македонија е заглавена во чекалната,“ рече Димитров мислејќи на желбата на земјата да биде дел од НАТО и ЕУ. „Мислам дека е фер да се каже дека сме изгубиле една генерација поради ова прашање.“
(The New York Times)