Сериозни проблеми во воздушниот сообраќај во Германија се очекуваат поради штрајкот од страна на безбедносните служби , објавија локалните медиуми.

Протестите ќе влијаат на аеродромите во Дизелдорф, Келн-Бон и Штутгарт, каде што многу летови најверојатно ќе бидат одложени или откажани. Официјалните претставници за безбедност инсистираат на повисоки плати и подобри работни услови . Во понеделникот, со исти барања, настапија вработените на аеродромот во Берлин , кои исто така штрајкуваат.
Агенциите им препорачуваат на патниците од и до погодените од штрајкот германски аеродроми однапред да се поврзатсо авиокомпанијата за најнови информации за авионскиот сообраќај.