БОЈКОТ! Вработени од МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ си ги бараат платите!

од Vladimir Zorba
Товарните и патничките возовите не сообраќајат и денеска. Но, на таблата  на железничката станица се кррие за штрајкот и стои возниот ред како да нема застој. Нема информации дека железничкиот сообраќај е стопиран поради бојкот на вработените. Граѓаните затечени исто како што немаат одговор од шалтерот за издавање карти.

НО факт е дека „Македонски железници – Транспорт“ и „МЖ – Инфраструктура“ го продолжуваат бојкотот на железничкиот сообраќај. Возовите нема да сообраќаат ни денеска, иако се очекува преговорите со раководството на Македонски железници околу исплатата на заостанатата декемвриска и јануарската плата, да почнат денеска.

МЖ – Транспорт во петокот ја добиле втората половина од декемвриската плата, додека МЖ – Инфраструктура не. Марјан Ристески од синдикатот на МЖ – Инфраструктура за СДК вели дека во штрајкот остануваат обединети тие со и тие без втората половинка од декемвриската плата и оти нема да се слушне сирена на воз додека компанијата не ги исполни обврските за плата во целост.

 

Последен пат  вработените редовно биле исплаќани за време на мигрантската криза, кога раководството дневно собирало вреќи пари, и толку , се останато со молење за сопсотвена плата, раскажуваат вработените.

loading...

Слични содржини