Шукова: Ќе плаќаме за отпад според количината, не според квадратурата

Со години граѓаните плаќаат за отпад според квадратурата на станот, без разлика дали живеат сами или во петчлено семејство. Тоа е неправеден модел кој не го стимулира селектирањето. Ние ќе го промениме тоа, изјави Шукова за поткаст.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/СДСМ

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави воведување на нов, праведен модел за наплата на комуналниот надоместок, кој граѓаните ќе плаќаат според количината отпад што ја создаваат, а не според големината на станот во кој живеат.

-Со години граѓаните плаќаат за отпад според квадратурата на станот, без разлика дали живеат сами или во петчлено семејство. Тоа е неправеден модел кој не го стимулира селектирањето. Ние ќе го промениме тоа, изјави Шукова за поткаст.

Таа објасни дека ваквиот пристап е веќе предвиден со Законот за управување со отпад, но досега не е применет поради недостаток на функционален систем. Новиот модел ќе се воведува постепено, преку пилот зони во општините Аеродром, Карпош и Центар.