Шукова: С.Македонија препознаена како лидер во регионот во спроведувањето на Програмите на ГЕФ

од Vladimir Zorba

Во рамки на мисијата за зацврстување на соработката со ГЕФ и зајакнување на меѓународната поддршка, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари билатерален состанок со раководителката за биодиверзитет и земјиште во УНЕП, Дорин Робинсон.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Шукова учествува на седмото Собрание на Глобалниот фонд за животна средина што се одржува од 22 до 26 август во Ванкувер, Канада.

– На состанокот се разговараше за досегашната успешна соработка, се направи пресек на заедничките активности и се детерминираа новите можности за соработка во рамки на Програмите на ГЕФ, се вели во соопштението.

Нашата држава, како што се наведува, беше посочена како лидер во регионот во спроведувањето на Програмите на ГЕФ, особено во областа на заштита на биолошката разновидност и заштита од деградација на земјиштето заради што државата е одбрана за домаќин на состанокот на Конституенцата на Глобалниот фонд за животна средина за Европа и Централна Азија, што ќе се одржи во октомври оваа година.

Слични содржини