Шумски пожари беснеат во Австралија, раселени повеќе од 2.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Шумските пожари кои беснеат во австралиската сојузна држава Викторија веќе неколку дена зафатиле живеалишта, соопштија денеска властите предупредувајќи дека прогнозата за „екстремна“ топлина за вториот дел од неделата може дополнително да ги разгори шумските пожари.

Премиерката на Викторија, Џасинта Алан потврди дека се уништени шест домови, додавајќи дека тоа е многу тешка вест за семејствата.

Покрај материјалната штета, настрадал и добиток, а повеќе од 2.000 луѓе биле принудени да ги напуштат градовите на запад и да се упатат кон градот Баларат, 95 километри западно од главниот град на Викторија, Мелбурн.

Австралија се бори со временскиот феномен Ел Нињо, кој обично се поврзува со екстремни настани како што се пожари, циклони и суши.

Во Викторија денеска горат повеќе од 15 шумски пожари. Најсериозниот пожар, рангиран како втор најопасен, гори во близина на неколку оддалечени градови, соопшти државната агенција за управување со вонредни состојби.

Слични содржини