Шумските полицајци покрај новите униформи , по 22 години ќе добијат поголема плата

од Берта Китинска
274 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа најави дека најдоцна до март 2021 година Шумската полиција ќе добие и нови летни и зимски униформи.

Како што соопшти Хоџа, на вчерашната владина седница, пак, е усвоена Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку Колективниот договор на овластените службени лица во Шумската полиција, со што по 22 години на шумските полицајци ќе им се зголемат платите и правата.

-Шумската полиција по 12 години доби нови чизми.Чизмите во наредните денови ќе се дистрибуираат до сите шумски полициски станици. За нивна набавка се искористени 2,5 милиони денари од над десетте милиони колку што чини набавката заедно со униформите. Ние само ја спроведуваме нашата законска обврска која подразбира да се обезбедат сите услови за здравје и безбедност при работа на нашите вработени. Шумската полиција своите работни задачи ги извршува на терен и затоа е клучно да има соодветна лична заштита согласно ЕУ стандардите и меѓународните  прописи. Набавените чизми се токму такви, потенцира министерот.

Тој се заблагодари за успешната работа на шумската полиција, потсетувајќи дека вакво признание изминатиов период стигна и од Интерпол.

Слични содржини