Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, не работи ништо, покажува неспособност и незаинтересираност за проблемите на скопјани, вели Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје.
Според него, Арсовска наместо да менаџира единствено што прави е постојано да бара пари и помош од Владата.
-Бара пари од Владата за ЈСП а Владата има обезбедено 70 милиони евра за превоз во Скопје. Бара пари за парно а Владата обезбедува 80% од трошоците за актуелната цена на парното. Во исто време додека бара пари Аросвска вработува 109 партиски војници на ВМРО – ДПМНЕ, потенцира Шутаров и додава:
-Арсовска не сака да даде 1 милион евра за парно за скопјани да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа немаат проблем да потрошат 670.000 евра за вдомување на партиски кадри. Несериозни и неодговорни се тврдењата дека Буџетот веќе бил донесен, секој Буџет па и оној на Град Скопје може да претрпи измени, односно да се направи ребаланс, особено во периоди на глобални кризи, како што е енергетската криза, смета Шутаров.