Утрово стотици илјадници граѓани не можеа навреме да стигнат на своите работни места, до здравствените установи, до државните институции, учениците и студентите не може на време да стигнат до училиштата и факултетите, обвини советникот во Град Скопје од редовите на СДСМ, Гордан Шутаров, нагласувајќи дека „Скопје е целосно парализиран град благодарение на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска“.
Доцнат и возилата на итната медицинска помош од што зависат здравјето и животите на итните случаи, додава Шутаров.
-Мицкоски со трубачи ја чекаше Аросовска еуфорично пред белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Токму Мицкоски од партиска говорница, најавуваше дека за Скопје ќе набавел 100 нови автобуси, па дури ветуваше отворање фабрика за електрични автобуси. Денес, од тоа нема ништо, а не функционира ниту постоечкиот јавен превоз. По денешниот колапс на сообраќајот, прво што Мицкоски треба да направи е да им се извини на граѓаните. Потоа да ги повика неговите советници од мнозинството и членови на Управниот одбор на ЈСП да преземат мерки за надминување на блокадите, побара денеска Шутаров.