Шутаров: Мицкоски во својот тим ангажираше и личност која се претставувала како исцелител

од desk4
„Христијан Мицкоски во својот тим ангажираше и личност која се претставувала како исцелител. Лазар Јовевски е стратешки соработник на Мицкоски од областа на трудовото право. Истиот Лазар Јовевски своевремено му асистирал на самопрогласениот исцелитет и јасновидец Тино Кајшаров“, рече Гордан Шутаров од СДММ во изјава за медиуми.
Гордан смета ништо не е сменето во опозициската партија, односно Груевски ангажираше гатачки, а Мицкоски сега исцелители. Тој исто така се осврна и за членовите на партијата Гордана Сиљановска и Игор Дурловски.
„Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ.
Појавувањето на Игор Дурловски во листата која наводно треба да ја обновува државата значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. Најава за нов крвав четврток или црн понеделник во Собранието.
Ништо не е сменето во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски продолжува со безидејност. Ангажира лица кои биле десна рака на самопрогласени исцелители и јасновидци, кои манипулирале со граѓните наводно лечејќи ги преку крајно сомнителни методи“, рече Шутаров.

Слични содржини