Швајцарците денеска гласаат за 13-та пензија и покачувањето на старосната граница за пензионирање

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Швајцарија чие население старее и се соочува со зголемени трошоци за живот, денеска одржува референдум за два клучни предлози за пензионерите: исплата на 13-ти пензии и зголемување на старосната граница за пензионирање.

Предлогот за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години во следните десет години за да се обезбеди целосно финансирање на пензискиот систем, се чини дека е осуден на неуспех. Имено, пред нешто помалку од две години, швајцарските гласачи тесно одлучија да ја подигнат старосната граница за пензионирање на жените од 64 на 65 години, како што е случајот со мажите.

Последниот предлог доаѓа од подмладокот на десничарската Либерална партија. Но, се чини дека оваа иницијатива нема шанси за успех. Последните анкети покажуваат дека само 35 отсто од испитаниците ја поддржуваат ваквата одлука, а 63 отсто се против.

Што се однесува до 13-тата пензија, швајцарските синдикати изнесоа предлог за воведување дополнителна месечна социјална помош за помош на пензионерите поради зголемените трошоци за живот во богатата алпска земја. Иницијативата, наречена „Подобар живот во пензија“, повикува на исплата на 13-та пензија секоја година, како 13-тата плата што ја добиваат многу работници во Швајцарија.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Швајцарци го поддржуваат, иако се чини дека бројот на поддржувачи се намалува и се уште не е сигурно дека предлогот ќе помине. Месечните социјални бенефиции во Швајцарија може да бидат до 2.450 швајцарски франци за поединци и 3.675 франци за брачни парови.

Тоа можеби изгледа многу, но во земја која е меѓу најскапите во светот не е така. Киријата за просечен двособен стан во швајцарските градови е најмалку 3.000 франци, а кафето чини повеќе од пет франци.

Слични содржини