Швајцарец се поврзал со вонземјани, па исчезнал без трагa

од desk2
216 прегледи

Швајцарецот Вернер Џејсли, кој тврдеше дека вонземјани го контактирале преку телепатија и му наредиле да им изгради космодром во аргентинската пустина Салта, исчезна без трагa.

Вернер ја послушал „телепатската заповед“, па во 2008 година купил земјиште во Салта, се преселил таму и почнал да разнесува огромни карпи. Така, тој направил неколку круга од потемни и посветли камења, a најголемиот има дијаметар од 50 метри. Местото потоа стана туристичка атракција, оти сето тоа изгледа како огромно уметничко дело.

Но во 2011 година, Швајцарецот со аргентински пасош одеднаш исчезнал без никаква трага. Уфолозите претпоставуваат дека, можеби, вонземјаните го прибрале Вернер кај себе.