Швајцарија: Албанци се степале поради имамот кој летово во Македонија се сретнал со радикалните колеги

од desk3
135 прегледи
Внатрешните судири во џамијата на албанската заедница во Гебеншторф кулуминирале во недела со масовна тепачка, поради што морале да интервенираат десетина припадници на кантоналната полиција на Аргауа и градската полиција на Баден, потврди портпаролот на полицијата од Берхард Гразер за весникот “20 минути”.
Потпретседателот на исламско – албанската заедница Мурсели Ибраимов за локалниот весник “Аргауер цајтунг” објасни дека до судирот дошло кога управата сакала да смени еден имам. Откако одржал проштален говор, неговите приврзаници станале и физички се пресметале со членовите на управата. Имамот осум години бил активен во заедницата, а тогаш управата дознала дека во текот на летово отпатувал во Македонија и дека овде се сретнал со радикалните имами. После тоа управата одлучила да го суспендира. Незадоволни од тоа, приврзаниците на радикалниот имам започнале масовна тепачка, а двајца завршиле и во болница. Властите на Гебеншторф писмено ја предупредиле исламско-албанската заедница – дека нема да толерира “такви испади и пресметки” бидејќи тие предизвикуваат “страв и загриженост” меѓу жителите.

 

– Особено не со оглед на загрижувачките настани во Европа, вакви инциденти не придонесуваат за добра атмосфера кај народот. Во случај да дојде до понатамошни негативни случувања, најавени се и соодветни законски мерки.