Швајцарски милијардер: Абрамович ги продава вилите во Англија и сака брзо да се ослободи од Челси

од Vladimir Zorba
541 прегледи

Швајцарскиот деловен магнат Хансјоерг Вис размислува да го купи англискиот фудбалски клуб Челси од рускиот милијардер Роман Абрамович, тврди швајцарскиот весник „Blick“. За потсетување, по санкциите воведени кон Русија и руските олигарси, Абрамович порача дека го напушта лондонскиот клуб.

„Абрамович моментално се обидува да ги продаде сите свои вили во Англија. Тој исто така сега сака брзо да се ослободи од Челси. Јас заедно со уште три лица во вторникот добивме понуда да го купам Челси од Абрамович”, изјави Вис за „Blick“. Тој рече дека ќе мора да почека четири или пет дена за да види како ќе се одвиваат работите.

„Абрамович бара премногу во овој момент. Челси му должи 2 милијарди фунти, но нема пари, па кој ќе го купи клубот ќе го обештети Абрамович“, рече тој и додаде дека точната продажна цена се уште е нејасна.

„Можам да замислам да му се приклучам на Челси со партнери, но прво морам внимателно да ги проверам општите услови. Она што веќе можам да го кажам е дека сигурно нема сам да направам такво нешто. Ако го купам Челси, тоа ќе биде со конзорциум од шест или седум инвеститори“, рече Швајцарецот.

Европскиот шампион неодамна премина во рацете на добротворна организација, откако Абрамович се повлече поради војната во Украина.

Слични содржини