Пробиотикот, кој придонесува за ферментацијата на ементалот ги намалува воспаленијата и го зајакнува имунолошкиот систем, објави “Daily Mail”, повикувајќи се на корејски научници.
Бактеријата Propionibacterium freudenreichii ги намалува и знаците на стареењето. Таа се содржи и во други млечни производи.
Научниците од Универзитетот во Сеул работеле со кружни црви, но мислат дека воспоставените од нив механизми важат и за други видови, вклучувајќи и за луѓето.
Овој пробиотик ги претвора лактите, кои ја предизвикуваат мускулната треска, во три соединенија – ацетат пропионат и јаглерод диоксид.
Познато е дека ацетатот и пропионатот го зајакнуваат имунитетот. Покрај тоа, некои бактерии од млечната киселина како Weissella koreensis и W. cibaria продолжуваат на нематоди и “подобруваат биомаркери на стареењето”.