Швалерите се најбезмилосни, кога на нив ќе ги изневерат

од desk3
256 прегледи

Научно истражување на специјалисти од Универзитетот на Пенсилванија, САД, утврди дека швалерите се најсурови кога самите нив ќе бидат изневерени, и многу ретко се подготвени на простување, пишува “Метро” .Специалистите анализирале големи количини на податоци, следење на животот на тинејџерите од 1994 година до постигнување на 20-30-годишна возраст. Младите пополниле формулари за изневери и за сексуалниот живот со партнерите.

1476529211-12

Една четвртина од испитаниците се покажале врзани со врски надвор со оние со партнерот. Самите швалери за возврат го поврзале неверството на партнерот со “автоматско распаѓање на врската”.

Истовремено, тие го сметале своето однесување за извршување на сексуални контакти со други партнери како незаканувачко за нивните односи со партнерот.

Заклучокот е дека изневерениот партнер е со најголема веројатност да биде напуштен од оној што пред тоа имал неверства. Оние кои најактивно ја барале сексуалната среќата и на друго место, се покажале и бескомпромисни кога почувствувале “рогови”.

“Луѓето ја преферираат улогата на швалери пред онаа на рогоносци”, резимира за резултатите од истражувањето Мишел Фриско.