Швед се врати во ЦСКА по девет години

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Рускиот кошаркар Алексеј Швед официјално е нов играч на ЦСКА Москва, објавија „армејците“.

По девет години, Швед одлучи да се врати во клубот каде што ја започна својата професионална кариера.

„Среќен сум што се враќам дома во најсилниот клуб во Европа. Се надевам дека заедно ќе постигнеме највисоки резултати. Ни претстои напорна работа. Едвај чекам да започне сезоната и сакам да се вратам во ЦСКА“, рече тој по потпишувањето на договорот.

Русинот потпиша едногодишен договор со ЦСКА со можност за продолжување на соработката, а тој дојде во Москва по шест сезони поминати во Химки.

Во досегашната кариера, тој играше за Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк.

Слични содржини