Шведска и анти-ковид моделот: „Дава одредени поуки“

од Nikola Popovski
155 прегледи

Додека од почетокот на пандемијата постојат многу ограничувачки мерки во повеќето европски земји, Шведска зазеде контроверзен, многу поблаг пристап.

Локалното население беше соочено со мал број ограничувања во секојдневниот живот.

Како резултат, стапката на смртност во однос на бројот на жители во Шведска беше значително поголема во текот на пролетта отколку во другите нордиски земји, особено откако коронавирусот влезе во домовите за стари лица, а специјална владина комисија е надлежна за истрагата околу тоа.

Сепак, зголемувањето на бројот на заразени лица во Шведска денес е едно од најниските во Европа, во ситуација кога голем дел од Стариот континент повторно се соочува со поизразено ширење на инфекцијата.

Особено, бројот на нови случаи со Ковид-19 на 100.000 жители во Шведска во изминатите две недели бил 30,3, додека во Шпанија 292,2, по што следува Франција (172,1), Данска (69,2) и Велика Британија. (61,8)

Сепак, според АП, сè уште не е јасно дали функционира шведскиот модел на борба против пандемијата, а главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел повторува дека е сè уште рано да се носат заклучоци, бидејќи европските земји се во различни фази на пандемијата.

Како и да е, претставникот на регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа, Кетрин Смолвуд, смета дека Шведска треба да се признае дека засега избегна ново зголемување на бројот на случаи забележани во некои западноевропски земји.

„Мислам дека носи одредени поуки“, вели Смолвуд.

Тегнел не ја исклучува можноста Шведска да биде погодена од нов бран на Ковид-19, особено поради враќањето на средношколците во училиштата и нагласува дека властите треба да бидат претпазливи и да реагираат на првиот знак на ширење на инфекцијата, со цел да се преземат мерки за да се спречи нејзиното ескалирање.

Според АП, шведските експерти сметаат дека, наместо сеопфатен нов удар на пандемијата, во таа земја ќе се појават локални жаришта, за кои треба да се борат со насочени мерки.