Шведска и Финска ги завршија преговорите за влез во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска и Финска ги завршија преговорите за влез во НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, како што беше договорено минатата недела на самитот на лидерите на НАТО во Мадрид.

Како што се наведува во соопштението на веб-страницата на НАТО, денеска во седиштето на Алијансата треба да бидат потпишани протоколите за пристапување на Финска и Шведска во воената алијанса, кои потоа треба да бидат ратификувани од сите членки.

Двете земји и официјално ја потврдија својата подготвеност и способност да ги исполнат политичките, правните и воените обврски кои произлегуваат од членството во НАТО.

Слични содржини