Шведска: Истекувањето на гасот последица од експлозии, можна саботажа

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Шефицата на шведската дипломатија Ен Линде потврди дека истекувањето на гас од гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ биле предизвикани од експлозии.

„Плинот што истекува од Северен тек 1 и 2 во ексклузивните економски зони на Шведска и Данска е резултат на детонации, најверојатно предизвикани од саботажа“, напиша таа во вторникот на Твитер, пренесува ТАСС.

За неколку часа беа откриени три протекувања на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. Првиот од нив беше откриен на „Северен тек 2“ во близина на данскиот остров Борнхолм.

Слични содржини