Шведскиот парламент усвои закон со кој на владата привремено ѝ се даваат нови овластувања во борбата против пандемијата на коронавирус, посебно дозволувајќи им на рестораните и компаниите за прв пат да бидат затворени.
Шведската влада сè уште не прецизираше како и кога има намера да го спроведе законот, додека бројот на смртни случаи од последиците на коронавирусот се приближува до бројките од првиот бран на пандемијата.
Новиот закон ќе ѝ овозможи на владата да воведе рестриктивни мерки во одредени области и да воведе парични казни и санкции за непочитување на законот, што не беше случај досега.
Властите ќе можат да ги затворат продавниците, трговските центри или јавниот превоз, па дури и да го ограничат бројот на дозволени лица да се собираат на одредени јавни места, наместо да воведат општи мерки.
Законот, сепак, не дозволува воведување карантин за сите жители.
Шведска, која има 10,3 милиони жители, досега имала повеќе од 48.000 заразени со коронавирус, а 9,262 лица починале од последиците на болеста.