Шведскиот премиер: Денеска сме чекор поблиску до членство во НАТО

од Vladimir Zorba

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави вечерва дека неговата земја е чекор поблиску до полноправно членство во НАТО, откако турскиот парламент го одобри барањето на Стокхолм за членство во Алијансата.

„Денес сме на чекор до полноправна членка на НАТО. Позитивно е што Големото генерално собрание на Турција гласаше за влез на Шведска во НАТО“, напиша Кристерсон на социјалната мрежа Х.

Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечно потпишување, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент, а за да може Шведска да стане полноправна членка на Алијансата, нејзиното барање мора да биде одобрено и од унгарскиот Парламентот.

Слични содржини