Швеѓаните не ги слушаат препораките на СЗО: Не сакаат да носат маски

од Nikola Popovski
212 прегледи

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјавил во четвртокот водечки епидемиолог во земјата, која има повеќе од 7.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата на Ковид-19. Тегнел ја дал изјавата еден ден откако СЗО издаде препораки за поширока употреба на маски.

Светската здравствена организација објави во средата дека луѓето, вклучително и децата на возраст над 12 години, секогаш треба да носат маски во продавници, работни места и училишта каде што не е можно правилно да се вентилираат просториите. Исто така според препораката на СЗО, маски треба да се носат и кога гости ќе пристигнат во домовите на граѓаните.

Шведската здравствена агенција, која стои зад шведската стратегија против затворање, ги отфрли препораките за носење маски, повикувајќи се на слаби докази за нивната ефикасност и стравувања дека маските може да се користат како изговор против изолацијата кога ќе се појават симптоми.

„Маските за лице се потребни во некои ситуации. Овие ситуации сè уште не се појавија во Шведска, со оглед на нашиот дијалог со регионите “, изјавил Андерс Тегнел, водечкиот шведски епидемиолог на прес-конференција.

„Сите претходни студии сугерираат дека е многу поважно да се одржува растојание отколку да се носи маска“, истакнал Тегнел.

Премиерот Стефан Лофвен во четвртокот објави дека средните училишта ќе се префрлат на часови преку Интернет до крајот на годината во обид да се потисне сериозниот втор бран на коронавирус.

Шведска во четвртокот потврди 35 нови жртви од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви достигна 7007.

Во изминатите 24 часа има 6485 новозаразени, пред помалку од две недели, кога биле регистрирани 7240 инфекции.

Слични содржини