Страшните сцени од центарот на Брисел ја потресоа цела Европа. Ноќта кога Белгија и Шведска играа квалификации за Европското првенство, Тунижанецот Абдесалем Ласуд уби две лица и рани уште едно.
Загинаа шведските навивачи кои се нашле таму идејќи на пат кон стадионот на кој се играше натпреварот, кој беше прекинат на полувремето токму поради овие настани и не продолжи.
Капитенот на Шведска, Виктор Линделоф истакнал дека не видел причина дуелот да се одигра до крај, како од спортски аспект, така и поради се што се случува.
Во меѓувреме, навивачите останаа на стадионот до еден по полноќ, Белгијците беа во солзи заедно со гостите, а евакуацијата беше извршена под целосна полициска придружба, пренесуваат белгиските медиуми.
Припадниците на јавниот ред најпрво ги спровеле до катакомбите, од каде еден час подоцна биле префрлени во своите хотели. Напаѓачот се уште не е фатен, па хотелите останаа под полициски надзор.
Сите навивачи се очекува да отпатуваат назад во Шведска во утринските часови.