Шверцери направиле штета од речиси 4.000 евра

од Aleksandar Todeski
363 прегледи

Речиси 4.000 евра изнесува штетата која навивачката група „Шверцери“ ја направиле во Македонскиот народен театар. Оваа бројка ја изнесе премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничкото прашање на пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова.

„Дискутиравме за настанот и утврдивме дека владата го зела просторот за прослава за Денот на албанската азбука. За првиот настан бев присутен и јас, беше културно одбележан. За второт дел задолживме работна група. Директорката на МНТ е дел од работната група, со цел да се слушне нејзината страна, но и да се види евентуалната нејзина слабост во постапувањето. Записникот е доставен до мене, но не го виов. Го видов прилогот, но прво да го разгледаме во влада. Евидентно е дека има и материјални штети. Направена е поголема штета од материјалната а тоа е духовната штета, од неа треба да произлезе одговорност. Кога станува збор за материјалната штета, вкупно направена е штета од  3.965 евра. Штетата мора да се надомести и бегање од таа работа нема“, истакна премиерот Заев.

Инаку, настанот се случи веднаш по прославата за Денот на албанската азбука, што исто така се одбележуваше во МНТ. По првиот дел од прославата, на јубилејот на навивачите на ФК Шкупи. Штетата ќе ја платија одговорното лице, кое дополнително треба да биде утврдено.

Слични содржини