Поранешниот државен обивнител Љупчо Шврговски влегува како бранител во неколку предмети на СЈО – „Таргет“, „Тврдина“, „Трезор“ и „Тортура“, како адвокат на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, потврди Шврговски за Телма.

Според информации на Телма одбраната на обвинетите од СЈО ќе се збогатува и со други познати адвокатски имиња но, за сега никој официјално не ги потврдува информациите дали Никола Додевски кој досега ги застапуваше речиси сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да биде нивен бранител во предметите на СЈО.
Додевски претходно беше повикан за сведок во случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО – ДПМНЕ.
„Талир“ и „Таргет“ се дел од истрагите кои деновиве ги привршува СЈО и се повикуваат сведоци и осомничени. Екс генералниот секретер на ВМРО – ДПМНЕ, Кирил Божиновски денеска по втор пат ги извиси обвинителите на СЈО и не дојде на распит за овој предмет поврзан со незаконско финансирање на партијата.
Од 14-мина осомничени партиски фукционери до сега повеќе од половина дојдоа во СЈО и побараа увид во доказите, меѓу нив и Димитриев, Рангелова, Јанакиевски, Димовски, Котевски. Лидерот на партијата Груевски кој е првоосомничен во понеделникот не се појави во СЈО да даде исказ, а некои медиуми објавија дека е на одмор со семејството надвор од државата.