Виничанец си ја претепал партнерката, по што полицијата го привела, информираа од МВР.
Полициски службеници утрово, во 1:30 часот, во Делчево го лишиле од слобода В.В.(47) од виничко село, со привремен престој во Делчево затоа што физички ја нападнал неговата 39-годишна невенчана сопруга.
Како што соопшти полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.