СИ ЏИНПИНГ ИМА ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ: Кина ќе ги зајакне врските со Европа

од Vladimir Zorba

ПЕКИНГ ќе продолжи да го развива железничкиот товарен сообраќај меѓу Кина и Европа со цел да ги зајакне квалитетот и ефикасноста, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг.

– Пекинг ќе го развива товарниот железнички сообраќај меѓу Кина и Европа за да постигне повисок квалитет, ефикасност и безбедност – нагласи Си Џинпинг во својата порака до учесниците на Форумот меѓу Европа и Кина.

Си рече дека поефикасниот товарен железнички сообраќај меѓу Кина и Европа ќе обезбеди поголема стабилност на меѓународното производство и синџирот на снабдување и ќе даде нов импулс на развојот на светската економија, јавуваат кинеските медиуми.

Во јули, првиот товарен воз од Кина пристигна во Русија преку железничкиот мост на реката Амур, кој беше отворен во ноември минатата година, пишува РИА.

Со отворањето на тој мост беше пуштен во употреба нов сообраќаен коридор меѓу Русија и Кина, со што растојанието на товарниот транспорт до северните кинески провинции се намали за 700 километри.

Слични содржини