5
Трговските војни ќе го поткопаат меѓународниот трговски систем, стабилноста на глобалниот економски поредок и легитимните интереси на сите земји во светот, особено на земјите во развој, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг.
Си, за време на состанокот со виетнамскиот колега Луонг Куонг во Ханој, рече дека Кина и Виетнам треба заеднички да се спротивстават на политиката на моќ и унилатерализмот.
Си упати честитки за 95-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Виетнам, 80-годишнината од основањето на Виетнам и 50-годишнината од ослободувањето на Југот.